Бочварски: Нема да се дозволи узурпација на државен простор
Повеќе нема да се дозоволи узурпација на државно земјиште за лични интереси. Се менува законот. Ќе се кратат пари од проектираните средства за пругата Куманово- Бељаковце. Германскиот изведувач на градежните работи ја прекина изградбата. Случајот ќе оди на арбитража...

Повеќе нема да се дозволи узурпација на државен простор, вели Министерот за транспорт и врски, Бочварски. Новиот Закон за легализација на дивоградбите предвидува поголеми пенали, плаќање за 50% повисока цена за комуналии за дивоградба. Најавува дека во носењето на деталните урабанистички планови учество ќе имаат и граѓаните и експертската фела .
Според ресорниот министер, ниската реализација на капиталните инвестиции се должи на прекинот на активностите на пругата Куманово- Бељаковце. Вели дека поради раскинување на договорот со фирмата изведувач ќе се бара арбитража.
Според предвиденото, во наредниот период приоритет ќе биде изградбата на автопатот Охрид – Кичево, Кичево – Гостивар, Скопје – Блаце. Бочварски вели дека ќе се градат нови 700 социјални станови, а се планираат и нови авиолини.
Дијана Ценевска
