Се преместуваат мигрантите од Лезбос
Поради страв од појава на коронавирус на островот Лезбос, грчките власти прават обиди да ги преместат мигрантите во привремен капм, и покрај негодувањата и протестите на бегалците. Досега се префрлени околу 1.200 лица во објект во близина на пристаништето Митилена.

Надеж задскриена под тенка покривка на ладниот асфалт. Сонува за среќно детство. Речиси 12 илјади бегалци останаа под ведро небо по опожарувавњето на кампот Мориа на Лезбос. Обидите на властите за нивно преместување се одвива отежнато поради негодувањата на мигрантите. Досега во близина на пристаништето Митилена, во привремен објект, се префрлени само 1.200. „Повторно во мизерни услови“- вели еден од нив.
„Можете да ја видите ситуацијата. Немаме каде - нема тоалет. Нема доволно вода, нема храна“, вели Мостафа Бахадори, мигрант од Авганистан.
УНХЦР и неговите партнери ги поддржуваат грчките власти во хуманитарните напори што ги прават за да им ги обезбедат сите потребни услови на мигрантите, но велат- потребите се, сѐ уште големи.
„Што е потребно? Пристап до вода, санитарни услови, хигиена. Пристап до медицинска помош и сите предмети за итно олеснување“, изјави Астрид Кастелин, висок комесар на ООН за бегалци.
Властите од атина веќе ја повикаа европската унија за заедничко раководење со мигрантските кампови во грција.
„Миграциското прашање е предизвик за еЕвропската унија како целина. Не е предизвик само за некои земји- членки на фронтот. Неопходно е да се најде начин заедно со земјите- членки, да дадат одговор кој е праведен, силен и ефективен“, изјави Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.
Германија веќе најави дека ќе прими дополнителни 1.500 бегалци по инцидентот на Лезбос, но предлогот на канцеларката Меркел се уште е неизвесен, откако не сите во владата се согласија со нејзината одлука. За конечниот план треба допрва да се дискутира идната недела.
Бојана Крстевски
