Пчеларството може да биде сериозен бизнис
Пчеларството во Mакедонија може да биде сериозен бизнис, велат експертите. Но, додека потенцијал и природни услови има доволно, производството на мед не е на посакуваното ниво. Полупразните кошници се резултат на многуте технички недостатоци, а нема ни координираност на пчеларите со земјоделските производители за тајмингот на третирање на растенијата и овоштарниците со пестициди...

Пчеларството економски ќе се исплати многу повеќе и може да стане сериозен бизнис, доколку се отстранат техничките недостатоци во овој сектор. Според експертите, потребен е селектран репроматеријал, матици и роеви, медоносни растенија и селидбено пчеларење.
Заболувањето на пчелите е инцидентно, но поради интензивното и нестручно лекување, поголема е можноста за добивање мед со недозволени остстоци од хемиските средства.
Недостасува и поголема соработка меѓу пчеларите и земјоделците за тајмингот на третирање на растенијата и овоштарниците со пестициди.
Последиците сѐ повеќе се е чувствуваат и од сѐ поголемото и сѐ поинтензивно користење на средствата за сузбивање на пчелните болести кои ги загадуваат и нектарот и поленот.
Годинава по сѐ изгледа, повторно не им е наклонета на пчеларите. Медот ем го нема доволно, ем трошоците се големи. Тегла се продава од 450 до 600 денари а во некои регионi производството е речиси двојно помало од просечното, односно се вадат по едвај шест килограми од кошница.
Методија Трајков
