Белорусија ги затвора границите со Литванија и Полска

18.09.2020 11:25

Белорускиот лидер, против кого во Минск и во други градови од 9-ти август се одржуваат масовни протести, ги повика народите на трите држави да ги запрат своите политичари и да спречат почеток на војна.

Белорусија е принудена да ја затвори државната граница со Литванија и Полска, и да ја засили контролата на границата со Украина, изјави претседателот Лукашенко.

Белорускиот лидер, против кого во Минск и во други градови од 9-ти август се одржуваат масовни протести, ги повика народите на трите држави да ги запрат своите политичари и да спречат почеток на војна.

Портпаролот на полската влада изјавил дека полска нема никакви информации за тоа дека границата е затворена. Шефот на литванската граничка служба исто така, рекол дека состојбата на границата меѓу двете земји е вообичаена.