Вонредна состојба во Грција поради циклонот Јанос

18.09.2020 10:47

Циклонот се приближува кон јужниот дел на Грција. Според грчки медиуми, се формирало и т.н. „око“, што е потипично за тропските циклони. Најпогодени ќе бидат западните делови на јужна Грција до Патра, и до Пелопонез.

Во западна Грција е прогласена вонредна состојба поради приближувањето на медитеранскиот циклон Јанос. Црвен код е прогласен поради налети на силен ветер, грмотевици и поројни  дождови.

Циклонот се приближува кон јужниот дел на Грција. Според грчки медиуми, се формирало и т.н. „око“, што е потипично за тропските циклони. Најпогодени ќе бидат западните делови на јужна Грција до Патра, и до Пелопонез.

Се очекуваат ветришта со брзина и до 150 километри на час, и врнежи од дожд над 200 литри на метар квадратен.