Концерт по повод 1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир во Филхармонија

18.09.2020 11:34

Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат: Кристијан Антовски (баритон), Игор Милевски (виолина), Петар Христов (кларинет) и Тимко Чичаковски (канон).

Свечен концерт по повод големиот јубилеј на Бигорскиот Манастир – 1.000 години од неговото основање ќе се одржи на 23 септември (среда), во Големата сала на Филхармонијата, со почеток во 20 часот.

Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат: Кристијан Антовски (баритон), Игор Милевски (виолина), Петар Христов (кларинет) и Тимко Чичаковски (канон).

На концертот ќе бидат изведени стари македонски изворни композиции, соопштуваат од Филхармонијата.