Ковид-19

СЗО: Пред нас е многу сериозна ситуација

18.09.2020 12:31

Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге рече дека само минатата недела биле пријавени 300.000 нови инфекции, додавајќи дека светот е во многу сериозна ситуација.

Најновиот неделен број на случаи со коронавирус во Европа ги надмина резултатите забележани откако пандемијата за првпат го достигна врвот во март, соопшти Светската здравствена организација.

Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге рече дека само минатата недела биле пријавени 300.000 нови инфекции, додавајќи дека светот е во многу сериозна ситуација.

Некои европски земји, вклучително и Велика Британија и Франција, забележаа највисоки дневни бројки во последните месеци.