Бесими: Државата ќе гарантира повисоки суми на кредити за малите и за средни компании
Државата со 10 милиони евра ќе гарантира повисоки суми на кредити за малите и за средни компании, најави министерот за финансии Бесими. Гарантната шема ќе оди преку Развојната банка, додека средствата ќе се пласираат преку комерцијалните банки. Државната гарантна шема треба да започне да функционира до крај на годината.

Државата со 10 милиони евра ќе го кредитира бизнисот. Министерот за финансии Бесими најави дека во Владата е веќе разговарано за државната гарантна шема која треба услови на криза да им овозможи на малите и на средните претпријатија ликвидност.
Гаранцијата ќе оди преку Развојната банка, средствата ќе се пласираат преку комерцијалните банки. Оваа мерка, вели министерот ќе ја поттикне инвестициската активност, и ќе ја раздвижи економијата. Гарантната шема се предвидува да профункционира до крајот на годинава.
На средбата во Стопанската комора, стопанствениците побараа предвидливост на економските политики, брза и ефикасна наплата на побарувањата, даночни измени, ревидирање на царинските стапки. Бизнисот побара и признавање на тестовите за Ковид како трошок за компаниите.
Една од иницијативите на стопанствениците е и воведување даночен календар. Во него треба да се наведени сите даночни измени што ги планира Владата, при што истите тие би требало да се планираат од почетокот на годината, за најдоцна на 30-ти јуни во тековната година да бидат објавени.
Дијана Ценевска
