Младите скептични за социјалните мрежи, неопходна е медиумска писменост

18.09.2020 16:56

Без интернетот и социјалните мрежи не може да се замисли секојдневието и општественото живеење. Но, дали се препознава лажното од вистинското. Изненадувачки, младите покажуваат скептичност. Неопходна е медиумска писменост...

Дали се отвора патот спрема медиумската, уште побитно, интернетската писменост. Младите почнаа да покажуваат сомничавост на она што ќе го прочитаат на социјалните мрежи. Не е сѐ за верување. Но, одредени испитувања, пак, покажуваат дека сѐ уште социјалните мрежи го креираат јавното мислење.

Напливот на лажните или „искривените“ информации останува влијателен фактор за јавното мислење. Ја зацврстува заложбата дека едно од решенијата е - воведување предмет во основното образование за медиумска писменост.

Интернетот и социјалните мрежи се нераскинлив дел од секојдневието. Крајно време е да се селектира лажното од вистинското.

Елизабета Митреска