Транзитниот центар Винојуг претворен во карантин
Кампот Винојуг е претворен во карантин. Мигрантите кои се откриени на македонска територија минуваат две недели во изолација пред да бидат репатрирани. Состојбата со Ковид-19 во кампот е стабилна, вели епидемиологот Олумчев од гевгелиската болница …

Винојуг во Гевгелија од транзитен центар од каде пред четири години транзитираа илјадници мигранти денес е само карантин. Секој мигрант кој периодов е фатен од страна на полицијата според протоколот останува во 14 дневен карантин, сè додека не му помине задолжителната самоизолација. На ТЦ Винојуг во моментов има 36 мигранти генерално од Блискиот Исток. Ковид 19 не ги поштеди мигрантите, но состојбата е стабилна кои се под будното око на епидемиологот Олумчев.
Ковид 19 не ги поштеди ниту полицајците кои се распределени долж граничната линија. Пред десет дена позитивни беа дванаесет од чешкиот контингент, а во изолација заминаа и наши полициски службеници.
И покрај фактот што во изолација мораа да заминат полициските службеници, рамо до рамо со нив се и припадниците на армијата. Тие со своите оперативни тактичко-технички мерки помагаат во борбата со илегалната миграција.
Пандемија од коронавирус и затворената граница на јужната страна не ја намали миграцијата, мигрантите од Блискиот исток кои се сместени низ грчките кампови со помош на криумчарите не жалат пари, плаќаат по минимум 800 евра за само еден граничен премин, со цел да стигнат до западноевропските земји.
Стојне Митева
