ТМРО: Украинската криза го отвора и македонското прашање

13.03.2014 11:19

За ТМРО дезинтегративните процеси кои се на повидок во Украина ја отвораат  Пандорината кутија, која ќе се рефлектира на Шпанија, Италија, Велика Британија, Балканските  земји, но и на Македонија.

За ТМРО дезинтегративните процеси кои се на повидок во Украина ја отвораат  Пандорината кутија, која ќе се рефлектира на Шпанија, Италија, Велика Британија, Балканските  земји, но и на Македонија.

„Дали е случајност или не, но Втората светска војна заврши со мировната конференција на Јалта, на Крим, токму таму каде почнува да се прекршува историскиот договор на Сталин, Рузвелт и Черчил за поствоена Европа со зацртани и непроменливи  граници. Ќе биде ли Крим повторно историската одредница каде ќе се утврдува новиот светски поредок, и секако прашањето, ќе има ли сила Македонија, Македонците и македонската држава самата за себе да одлучува, а не другите за неа, без неа“, изјави Ванчо Шехтански, претседател на ТМРО.