Шахпаска: Капацитетот на градинките не е исполнет

20.09.2020 17:14

Не е исполнет капацитетот во градинките. Низ целата земја слободни се 19 илјади места. Министерката вели дека ако состојбата со вирусот ескалира, не се исклучува можноста градинките да се затворат...

Во градинките засега има слободни места, тврди министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Вели дека доколку дојде до ситуација да се пополнат сите постоечки капацитети, општините имаат препорака да обезбедат алтернативни решенија за сместување на децата. Меѓу алтернативните решенија, таа спомена училници, Dом на култура, објекти кои биле конкретно наведени во препораката до општините.

Шaхпаска потенцира дека министерството на дневно ниво прави пресек на здравствената состојба на децата и на вработените. Доколку ескалира епидемиолошката ситуација, ќе се постапува по препораките на омисијата, дури ако тие се и повторно затворање на градинките. И директорот на Здравствен дом- Скопје не ја исклучи можност за затворање на градинките.

Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Одлуката ќе зависи од епидемиолошката слика од сите случувања во однос на самата болест и од условите и критериумите, кои треба да се исполнат за воведување целодневен престој, рече Исјановски. Родителите на децата до шест години од 23-ти септември треба да се вратат на своите работи позиции, исто така и оние кои користат продолжено породилно отсуство.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска