Родилка и бебе починаа на Клиниката за гинекологија

20.09.2020 17:11

40- годишна родилка почина на Клиниката за гинекологија и акушерство. Претходно со царски рез бил изваден мртов плод. Комисија ќе утврдува дали има лекарска грешка...

40- годишна родилка почина вчера на клиниката за гинекологија и акушерство. Ова ѝ била 11-та бременост со четири живи деца. Родилката во петокот во 36-та недела од бременоста се јавила на преглед на клиниката, бил направен ЦТГ запис кој бил сомнителен и лекарите и препорачале да биде тука и по два часа да се повтори записот, вели д-р Сашо Стојчевски. И покрај препораките, пациентката по сопствен избор заминала дома. По неколку часа со влошена состојба повторно се јавила во болницата каде е хоспитализирана.

Направен е царски рез кој поминал уредно, но набрзо пациентката почнала да губи крв. Направена е уште една операција во обид да се спаси родилката.

Дали се работи за лекарска грешка ќе утврдува комисијата на која ќе ѝ биде даден историјатот на починатата пациентка.

Билјана Јанакиеска