Продолжува поволното време за земјоделците
И оваа недела ќе продолжат убавите летни денови. Топлото време ќе им овозможи на земјоделците да работат на нивите и навреме да ја соберат летината. Сонцето и влагата која ја има доволно ќе бидат добредојдени за заорување на површините пред есенската сеидба. За пчеларите останува препораката за прихранување на пчелните семејства за успешно презимување...

Убавото и стабилно време минатата недела со надпросечни температури на воздухот за овој период, непосредно, пред почетокот на есента, кои достигнаа и до 35 степени во некои региони беа добредојдени за земјоделците. Непречено се вршеше берба на винските сорти грозје, на градинарски култури, како и бербата и сушењето на најквалитетните листови на тутунот.
За оваа недела се очекуваат слични временски услови, но со малку поумерени температури на воздухот, кои според прогнозите не се очекува да надминат 30 степени, што повторно ќе овозможи да продолжат сите почнати бербени и други активнисти на отворено.
Според агрометеорозите од управата за хидрометеоролошки рабити, влагата во почвата има доволно и за есенското заорување и подготовка на површините за есенската сеидба.
Продолженото лето е добро и за пчеларството каде што останува и препораката за стимулативното прихранување на пчелните семејства и во наредните денови, за успешно одгледување на зимското легло.
Методија Трајков
