Измените на законите за основно и средно образование пред пратениците
Според новините, во услови на вонредни околности, учебната година може да почне и да заврши во различно време, за што одлука носи владата. Бројот на наставните денови може да биде помал од 180, но не помалку од 100.

Во Собранието, седница за измените на законите за основното и средното образование. Комисијата даде зелено светло, но нема консензус меѓу власта и опозицијата.
Според новините, во услови на вонредни околности, учебната година може да почне и да заврши во различно време, за што одлука носи владата. Бројот на наставните денови може да биде помал од 180, но не помалку од 100.
Нема конкретен датум за почеток на учебната година, иако стартот беше најавен за 1-ви октомври.
ВМРО-ДПМНЕ со критики на владините решенија. Најави амандмани. Бидејќи училиштата во голем број средини се без интернет и компјутери, треба да се зголемат средствата за образование, велат од опозициската партија.
