Денеска се празнува Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица

21.09.2020 11:59

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно. Поголем број цркви низ цела Македонија го носат нејзиното име.

Православните верници денеска го чествуваат Рождеството на Пресвета Богородица или кај народот познато како Мала Богородица. Ова е еден од големите празници на Светата Православна црква.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно. Поголем број цркви низ цела Македонија го носат нејзиното име.

Поради Ковид-19, од МПЦ-Охридска Архиепископија со препорака до верниците што ќе дојдат во храмовите, да ги почитуваат мерките за заштите.