Гејтс: Пандемијата ќе заврши во 2022-та

21.09.2020 12:02

Гејтс рече дека според неговата процена, нивото на вакцинирањето во светот во време на пандемијата се намалило за 14 насто, што го уништило напредокот постигнат во претходните 20 години.

Пандемијата на новиот коронавирус, во најдобар случај ќе заврши во 2022 година, оцени основачот на американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“, Бил Гејтс.

Истакна дека доколку биде потврдена употребата на вакцините, состојбата во САД ќе почне да се нормализира следното лето.

Гејтс рече дека според неговата процена, нивото на вакцинирањето во светот во време на пандемијата се намалило за 14 насто, што го уништило напредокот постигнат во претходните 20 години.

Гејтс изрази и разочарување од тоа што САД не успеале да се докажат во помошта за набавка на вакцините за земјите во развој.