Eксклузивен концерт на Mакедонската филхармонија со обоистот Oгринчук

13.03.2014 11:22

Највисоката музичка критика на овој начин се изразува за големиот руски обоист Алексеј Огринчук, кој од својата тринаесета години концертира низ цела Европа, Русија и Јапонија.

Највисоката музичка критика на овој начин се изразува за големиот руски обоист Алексеј Огринчук, кој од својата тринаесета години концертира низ цела Европа, Русија и Јапонија.

Македонската филхармонија ќе има чест да настапи со овој етаблиран музичар на 13 март 2014 година во Фоајето на МОБ, со почеток во 20:00 часот, на концертот симболично насловен „Обоата на Алексеј“. Алексеј ќе настапи како солист во Концертот за обоа и оркестар од Јозеф Хајдн, едно од најпопуларните дела за обоа, а исто така ќе се претстави и како диригент, водејќи го оркестарот низ прекрасните класици: Соната бр. 1 од Џоакино Росини, исклучително ретко изведуваната Симфонија бр.24 од В. А. Моцарт, како и романтичната Серенада за дувачи, виолончело и контрабас од Антонин Дворжак.

Билетите за овој ексклузивен настан се во ограничен број и само мал дел од македонската публика ќе има можност да ја доживее интимната атмосфера на концертот.

Билетите се во продажба на билетарата на Македонската филхармонија во Дом на АРМ.