Комисијата за заразни болести одлучува за дневниот престој во училиштата
Конечната одлука ја има Владата. Задутре на работа се враќаат лицата кои користеа продолжено породилно отсуство, додека бремените жени продолжуваат да ги користат мерките.

Комисијата за заразни болести решава, дали да се дозволи целодневна настава во основните училишта. Конечната одлука ја има Владата. Задутре на работа се враќаат лицата кои користеа продолжено породилно отсуство, додека бремените жени продолжуваат да ги користат мерките.
Мајките кои се на породилно попладне на нов протест пред Владата, во обид да издејствуваат укинување на одлуката. Владата не ги прифати нивните барања испорачани по првиот протест во четвртокот.
Од среда на работа се враќаат и хронично болните. Исклучок ќе бидат само лицата кај кои болеста е во фаза на влошување и оние со малигна болест за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист. Врз основа на потврдата тие ќе користат боледување.
