Потпишан договорот за новиот ГУП на Град Скопје
Потпишан договорот за новиот генерален урбанистички план за Град Скопје. Во наредните три и пол години стручната фела и надлежните ќе работат на неговата изработка, за подобра инфраструктура, повеќе зеленило и развој на одредени делови од градот, особено северниот дел...

Развивање на главниот град и проширување, градба во дел од индустриските зони и околу фабриката Железара се само дел размислувањата кои ќе треба да влезат во новиот Генерален урбанистички план и како Скопје ќе изгледа во наредната декада.
Според градоначалникот Шилегов, визијата за метрополата е зелен град со функционални јавни простори, подобрена инфраструктура. Со потпишување на договорот и официјално почна процесот на подготовка на ГУП-от за 2022- 2032 година.
Новиот Генерален урбанистички план ќе се работи во следните 3,5 години. Знаењата ќе ги вкрстат и научната и стручната фела. Според министерот за транспорт, Бочварски генералниот план ќе се носи според новиот Закон за градба и новиот правилник, кои подразбираат високи стандарди и строги критериуми.
Актуелниот ГУП за Скопје истекува за две години.
Дијана Ценевска
