Драма во струмичката болница, роднини украле тело на починат пациент

21.09.2020 16:00

Во струмичката болница случка како од филмовите. Роднини на починат пациент, на раце со креветот го кренале телото и преку оградата го товариле во комби возило. Креветот уредно го вратиле по два часа...

Вистинска драма се случувала утрово во кругот на струмичката болница. Околу 9 часот на Инфективна амбуланта во болницата, бил примен 49- годишен маж со покачен крвен притисок и отежнато дишење. Веднаш му била пружена медицинска нега, но за жал, за кратко време починал.

Телото на починатиот пациен е сѐ уште дома. Од струмичката болница велат дека немаат надлежност да го вратат , а целиот случај е пријавен во полиција.

Креветот на кој починал пациентот, остана да сведочи за драмата во болничкиот двор. СВР Струмица работи на расчистување на случајот. Гогов, изјави дека на починатиот пациент не стигнале да му направат тест за Ковид-19.

Стојне Митева