Собраниска седница за законите за образование

21.09.2020 16:21

Во вонредни околности, учебната година може да почне и да заврши во различно време, одлука ќе носи Владата. Во Законодавниот дом пред пратениците - измените на законите за основно и за средно образование...

Законите за основно и за средно образование во Собрание. Измените се за прилагодување на состојбата предизвикана од пандемијата. Владата добива право да ги утврди деновите и траењето на училишната година и да донесе план и програма по која што ќе може да одвива училишната година за да се заштити здравјето и на учениците и на наставниот кадар, вели министерката Царовска.

ВМРО-ДПМНЕ со критики за владините решенија. Партијата побара повеќе пари за образование, компјутер и пристап до интернет за секое дете. Немате решение за децата со посебни потреби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Арбер Адеми од ДУИ, кој е поранешен министер за образование, ги повика пратениците од опозицијата да дадат поддршка на предложените измени за да се спроведе безбедна и онлајн настава во училиштата од 1-ви октомври.

Законските измени предвидуваат  во услови на вонредни околности, бројот на наставните денови во учебната година да може да биде помал од 180, но не помалку од 100 наставни денови, за што одлучува Владата. Наставата може да биде со физичко присуство, онлајн или комбинирана.

Игор Панов