Пендаровски: ООН ќе биде ефикасна онолку колку што ќе дозволат државите- членки
Претседателот Стево Пендаровски преку видео-порака се обрати на настанот што се одржа во Њујорк, по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата на Обединетите нации...

Претседателот Стево Пендаровски преку видео-порака се обрати на настанот што се одржа во Њујорк, по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата на Обединетите нации.
Во обраќањето рече дека Обединетите нации превенирале бројни конфликти и ги ублажиле последиците од многу хуманитарни кризи. Пендаровски оцени дека формирањето на оваа организација е еден од најважните глобални проекти и постигнувања на човештвото, но, може да биде ефикасна онолку колку што државите-членки ќе и дозволат.
Поради пандемијата на Ковид-19, годинешната сесија се одвива без физичко присуство на светските лидери во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.
