Италија: Бројот на пратеници се намалува за една третина
Наместо 946, вкупно 600 членови во Долниот дом и Сенатот ...

Италијанците го поддржаа предлогот за намалување на бројот на парламентарци. Според одлуката од референдумот кој се одржуваше два дена, наместо 945, сега во Долниот дом и во Сенатот ќе има 600 пратеници. Речиси 63% од граѓаните ја поддржале оваа опција. И покрај пандемијата со Ковид-19, излезноста беше над 50%. Од владејачкото Движење 5 ѕвезди, тврдат дека со ваквиот резултат ќе се намалат расходите, а ќе се зголеми ефикасноста на законодавниот дом.
„Изгледа дека антиполитичкото расположениe е сè уште силно во Италија. Причината зошто повеќето гласаа за намалување на парламентарците е желбата да се има помалку политичари. Ова може да биде шанса за поефикасни процедури, за преиспитување на релацијата меѓу владата и парламентот. Може да биде одлична можност за подобрување на институциите кои не се многу продуктивни. Но мора да се внимава таа да не се експлоатира од сегашното мнозинство, кое и натаму е слабо и поделено“, изајви Џовани Орсина, професор по политички науки.
Парламентот ќе мора да го смени системот на гласање пред следните национални избори во 2023 година.
