Грабул елимиран

13.03.2014 11:40

Во втората рунда Грабул кој е рангиран како шести фаворит во Анталија, е поразен од Германецот Максимилијан Мартерер...

Најдоброрангираниот македонски тенисер Димитар Грабул не успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ Фјучерс турнирот во Анталија, вреден 10.000 долари.

Во втората рунда Грабул кој е рангиран како шести фаворит во Анталија, е поразен од Германецот Максимилијан Мартерер во три сета, 5-7, 6-1, 1-6.

Нашиот тенисер кој е моменто 517-ти на АТП листата, испадна и во конкуренција на двојки на овој турнир.