„Врба“ на Манчевски во трка за Европски Оскар

22.09.2020 10:20

За филмовите во селекцијата за најпрестижната европска награда, што е позната и како Европски Оскар, ќе гласаат над 3.800 членови на Академијата и ќе изберат по 5 номинации во 5 категории...

Европската филмска академија (ЕФА) денес ја објави одлуката да го вклучи „Врба“ на Милчо Манчевски во селекцијата за најдобар филм 2020 на 33-те Европски филмски награди.

За филмовите во селекцијата за најпрестижната европска награда, што е позната и како Европски Оскар, ќе гласаат над 3.800 членови на Академијата и ќе изберат по 5 номинации во 5 категории: најдобар филм, режисер, актер, актерка и сценарио. Номинациите ќе бидат објавени на 7 ноември на фестивалот во Севилја, Шпанија.

Годинава доделувањето наградите на Европската филмска академија ќе се одржи во Рејкјавик, Исланд на 12-ти декември. Во селекцијата на ЕФА годинава се 38 филмови.

Ова е втор пат филм од Манчевски да влезе во селекцијата за европските филмски награди, во 2011 година селектиран беше и неговиот „Мајки“.