ЕУ: Санкции за компании и поединци поради непочитување на ембаргото за оружје на ООН
Со мерките се опфатени и двајца Либијци. Нивниот имот во ЕУ ќе биде замрзнат и нема да можат да водат бизнис со компаниите во Унијата. Им се забранува и пристап на европските финансиски пазари.

ЕУ воведе санкции за три компании, вклучувајќи и една од Турција, поради непочитување на ембаргото од ОН за продажба на оружје во Либија. Покрај турската „Аврасија шипинг“, санцкионирани се и јорданската „Мед вејв шипинг“ и „Сигма ерлјанс“ од Казахстан.
Со мерките се опфатени и двајца Либијци. Нивниот имот во ЕУ ќе биде замрзнат и нема да можат да водат бизнис со компаниите во Унијата. Им се забранува и пристап на европските финансиски пазари.
Според официјална Анкара, одлуката е донесена во погрешен момент кога се прават обиди да се реши спорот во Источен Медитеран.
