Димитров- Рот: Северна Македонија приоритет за германското претседателство
Одржувањето на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство со ЕУ е заедничка цел, што ќе претставува успех за Северна Македонија, Унијата и Германија, се согласиле Димитров и Рот...

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров имаше средба со германскиот државен секретар за Европа, Михаил Рот, пред почетокот на Советот за општи работи во Брисел.
Одржувањето на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство со ЕУ е заедничка цел, што ќе претставува успех за Северна Македонија, Унијата и Германија, се согласиле Димитров и Рот.
Вицепремиерот за европски прашања посочил дека Северна Македонија е цврсто решена да стане просперитетна европска демократија во која владее правото, а пристапниот процес е најдобрата алатка за воведување на европските стандарди и принципи.
Од германска страна било истакнато дека почетокот на пристапните преговори е еден од врвните приоритети на Германија, како актуелен претседавач со Унијата.
