Се чека одлуката на Јавното обвинителство за случајот со бебето и починатиот маж во струмичката болница

22.09.2020 13:35

Струмичката болница не беше центар на вниманието само со смрртта на 49 годишниот маж. Вчера попладне некаде после 16 часот, на детското одделение починало деветмесечно бебе, откако претходно било донесено со тешка форма на бронхопневмонија. Дали за бебето и за починатиот маж во струмичката болница, посмртно ќе се прават ковид тестирања, заесега немаме информација. Ќе се чека одлуката на јавното обвинителство...

Струмичката болница нема ингеренции да прави посмртно ковид тестирање на 49 годишниот маж кој вчера почина на инфективна амбуланта. Вчера по неовластеното земања на починатиот од страна на група пријатели и роднини, експресно бил и погребан.

Управата на струмичката Општа болница се надева дека Јавното обвинителство ќе регира брзо, а со тоа ќе има и некаква разрешница на случајот кој вчера ја вознемири јавноста.

Струмичката болница не беше центар на вниманието само со смртта на 49 годишниот маж, попладнето некаде после 16 часот на детско одделение било примено и 9 месечно бебе со тешка форма на бронхопневмонија, а кое се лекувало предходните денови кај матичниот лекар. По укажаната лекаска помош состојбата на бебето се влошила по што за кратко време бебето инхибирало. Роднините реагирале бурно, но состојбата била смирена за кратко по пристигнувањето на полицијата.

Дали за бебето и за починатиот маж во струмичката болница, посмртно ќе се прават ковид тестирања, заесега немаме информација, ќе се чека одлуката на Јавното обвинителство.

Стојне Митева