Ковид-19: Зголемен бројот на заразени и на смртни случаи

22.09.2020 12:47

За една недела 48 граѓани не успеале да се изборат со вирусот, објави Институтот за јавно здравје...

Минатата недела е зголемен бројот на смртни случаи и новозаразени од коронавирус во земјава. За една недела 48 граѓани не успеале да се изборат со вирусот, објави Институтот за јавно здравје.

Овој број е за 77 насто поголем во однос на претходната недела. Кај 35-мина од починатите биле забележани и други заболувања. Најголема е смртноста кај пациентите над 60 годишна возраст.

Минатата недела биле направени над 9.661 тестови, регистрирани се 961 нов случај, или повеќе за 34 насто повеќе. Најголем дел од заболените се од Скопје, а највисока неделна инциденца е забележана во Кочани. Најзастапена е возрасната група над 60 години.