Одложено судењето на браќата Усеини

22.09.2020 13:45

На рочиштето во охридскиот Основен суд не се појавија Ибраим Усеини поради влошена здравствена состојба, и Спиро Топалоски, оштетениот и главен сведок.

Првото рочиште од судскиот процес против браќата Ибраим и Нефи Усеини е одложено за 26-ти октомври.

На рочиштето во охридскиот Основен суд не се појавија Ибраим Усеини поради влошена здравствена состојба, и Спиро Топалоски, оштетениот и главен сведок.

Бранителите на браќата Усеини кои се сомничат за кривично дело „насилство“ сметаат дека не се работи за тешко кривично дело.