Финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат лица од етничките заедници

22.09.2020 13:55

Финансиска поддршка ќе добијат приватните компании кои ќе вработат лица од етничките заедници во земјава, вели министерот за економија Бектеши. Најавува олеснување на условите за водење бизнис. Посочи дека во наредниот период за само едно евро ќе може да се отвори фирма...

Сите приватни компании кои ќе вработат лица од етничките заедници во земјава ќе добијат финансиска поддршка, вели министерот за економија Бектеши. Посочува дека за таа намена веќе во буџетот за идната година ќе бидат предвидени пари.

Според Бектеши до крајот на неделава и економскиот тим ќе ги претстави мерките од четвриот сет за помош на граѓаните и на компаниите поради пандемијата предизвикана од ковид- кризата.

Бектеши посочи дека во наредниот период за само едно евро ќе може да се отвори фирма. Ресорниот министер најавува олеснување на условите за водење на бизнис. Наведува дека во наредниот период ќе се работи на намалување на ограничувањата за отворање на инвестициски фондови.

Ќе се намалат парафискалните давачки и ќе се олеснат административните процедури. Ќе се зајакнува и трансформира Фондот за иновации и технолошки развој.

Дијана Ценевска