Бизнисмени од Бурса ја скенираат Македонија

13.03.2014 12:05

Ги разгледуваат можностите за инвестирање особено во сточарството, шумарството, преработката на овошје, зеленчук, градежништвото, инфраструктурата...

Компании од Бурса, град со огромни економски перформанси, 25 индустриски зони, 4.000 фабрики и шест милијарди долари извоз од секоја зона, се заинтересирани за соработка со македонски стопанственици, соопшти МИА.

Ги разгледуваат можностите за инвестирање особено во сточарството, шумарството, преработката на овошје, зеленчук, градежништвото, инфраструктурата.

Во Македонија, велат, многу лесно  можат да ги прилагодат своите бизниси. Забелешки во однос на административните пречки немаат, но се внимателни кога станува збор за финансиската политика, законите и транспарентното работење бидејќи земјата се уште не е членка на ЕУ.