Собраниска расправа за избор на заменици- министри во Владата

22.09.2020 15:52

Премиерот Зоран Заев со пофални зборови за предложените заменици- министри. Смета дека се доволно стручни и квалитетни да ги извршуваат задачите. Опозициската ВМРО- ДПМНЕ е против. Сметаат дека предлозите се само, како што рекоа, продолжение на криминалната влада...

Премиерот Зоран Заев со пофални зборови за предложените заменици- министри. Смета дека се доволно стручни и квалитетни да ги извршуваат задачите. Секому, рече Заев, треба да му се даде шанса и не треба веднаш да сме негативно настроени. Владата со министрите и нивните заменици, тврди, ќе ги продолжи реформите, а главната цел е излез од економската криза предизвикана од пандемијата.

Опозициската ВМРО- ДПМНЕ е против предложените заменици- министри. Од оваа пратеничка група сметаат дека предлозите се само, како што рекоа, продолжение на криминалната влада. Од опозицијата и со став дека дел од нив се нестручни за министерствата кадешто треба да работат.

ДУИ во одбрана на своите кадри. Нашите предлози се производ на граѓаните кои гласаа за нас, велат од вториот најголем партнер во владата.

Со изборот на замениците- министри се комплетира работата на извршната власт .

Миле Ристески