Ковид-19: Влошена состојбата, маските задолжителни

22.09.2020 16:00

Задолжително маска и на отворено, повторно ограничувања за угостителските објекти, ограничено групирање, строга контрола и казни за семејни прослави и прослави на затворено. Намалување на капацитетот на јавниот превоз. Со есента расте ризикот, на маса рестрикции, најавува министерот за здравство...

Задолжително носење маски и додека се движите сами на отворено, забрането групирање, намалување на капацитетите на угостителските објекти и јавниот превоз – надлежните најавуваат нови мерки доколку епидемиолошката состојба во земјава и натаму се влошува. Министерот за здравство вели, целта е да се избегнат рестрикции во движењето, но доколку е потребно и тоа ќе се направи.

Минатата недела за 77 проценти е зголемен бројот на починати од коронавирусот во споредба со претходната– покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Битката ја загубиле 48 пациенти меѓу нив има и помлади. За една недела повеќе од 960 се новодијагностицирани.

Во последното деноноќие регистрани се 88 новозаразени од коронавирусот, а петмина починале. И во овој извештај најмногу нови случаи има во главниот град. Во земјава има повеќе од две илјади активни случаи.

 

Андријана Атанасовска