Ѓорческа во четвртфинале

13.03.2014 12:11

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во четвртфиналето на ИТФ Фјучерс турнирот што се игра во Анталија за награден фонд од 10.000 долари.

Во осминафиналниот меч нашата тенисерка која е седморангирана на овој турнир ја елиминираше Французинката Естел Кашино во три сета, 4-6, 7-5, 6-4 и во двобојот за полуфинале ја очекува победничката од мечот меѓу четвртата фаворитка од Србија Милана Шпремо и Французинката Викторија Мунтеан.

Ѓорческа која  е моментно број 527 на ВТА листата денеска треба да го одигра и четвртфиналниот меч во двојки. Заедно со Молдавката Анастасија Вдовенко за место во полуфиналето  ќе мора да ја елиминираат германско – белоруската комбинација Рајмхен / Ниахреи.