Седница на Советот за безбедност, во фокус политичко- безбедносната состојба

23.09.2020 09:39

На осмата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за политичко- безбедносната состојба во земјава по членството во НАТО...

Претседателот Стево Пендаровски за напладне свика седница на Советот за безбедност.

Поканети се и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Оперативно-техничката агенција ОТА, Зоран Ангеловски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На осмата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за политичко- безбедносната состојба во земјава по членството во НАТО.