Се отвораат студенските и средношколските интернати со намален капацитет
Владата на 5-та седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести. На седницата е одобрено и одржување физичка настава за децата со посебни образовни потреби кои се соочуваат со потешкотии во следењето онлајн настава...

Се отвораат студенските и средношколските интернати со намален капацитет, а одбиените ќе добијат надоместок за приватно сметување или за превоз. Владата на 5-та седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести. На седницата е одобрено и одржување физичка настава за децата со посебни образовни потреби кои се соочуваат со потешкотии во следењето онлајн настава. Театрите, кината, операта и балетот ќе работат според протоколот за организирање настани.
Владата го задолжи кабинетот на вицепремиеротза економски прашања да подготви мерка од програмата за поддршка од Ковид-19 во висина од 4 денари по килограм за откупено и предадено винско грозје во винарски визби кои се запишани во регистарот на производители на вино што го води Министерството за земјоделство.
Истовремено кабинетот е задолжен да подготви и дополнителна мерка во висина од 2 денари по килограм за произведено и предадено винско грозје, а корисници на оваа мерка се регистрирани земјоделци.
