САД

„Фејсбук“ најави можно повлекување од Европа поради прописи за забрана на размена на податоци

23.09.2020 10:57

Европскиот суд за правда утврди дека не постои доволна заштита од пристапот на американските разузнавачки служби до податоците...

„Фејсбук“ најави можно повлекување од Европа доколку ирската комесарка за заштита на податоците Хелен Диксон ја активира забраната за размена на податоци со САД.

Најавата за ваков потег следуваше откако во Европскиот суд за правда утврди дека не постои доволна заштита од пристапот на американските разузнавачки служби до податоците на оваа социјална мрежа.

„Во случај на прекин на преносот на податоци, нејасно е како во тие околности компанијата ќе може да им ги обезбеди и услугите на Инстраграм “, изјави главната претставничка на „Фејсбук“ Ивон Канејн.