Повеќе од 40 фирми заинтересирани за јавно- приватно партнерсто за фотонапонска електрана во Осломеј
Поради рестрикцијата наместо планираната посета на самата локација, потенцијалните инвеститори учествуваа на виртуелниот состанок на кој беа презентирани снимки од дрон на теренот.
Над 40 странски и домашни компании се заинтересирани за јавно- приватно партнерство при изградба на фотонапонската електрана во Осломеј. Тие учествуваа на он- лајн презентацијата за локацијата за двете фотоволтаични електрани во Осломеј.
Во овој проект што треба да се реализира преку моделот на јавно-приватно партнерство јавен партнер во име на државата е ЕСМ, а консултант е компанијата АФ- Консалт.
Поради рестрикцијата наместо планираната посета на самата локација, потенцијалните инвеститори учествуваа на виртуелниот состанок на кој беа презентирани снимки од дрон на теренот.
Крајниот рок за доставување на понуди е 28-ми октомври годинава, по што ќе почне изборот на најповолниот понудувач. Се планира изградбата на електраните да започне во 2021-ва година.
