Охридското Езеро се наближува до минималната кота, во Преспа состојбата алармантна
Охридското Езеро е на седум сентиметри до дозволената минималната кота. Водостојот на езерото старо три милиони години секојдневно се намалува. Флуктуацијата на нивото предизвикува драстични негативни промени врз ендемичниот растителен и животински свет алармираат еколозите и бараат да не се прави профит на сметка на уништување на вредните водени ресурси,а најголемото природното езеро со децении да се користи како акумулација.

Охридското Езеро на седум сантиметри до дозволената минималната кота. Секојдневно се намалува водостојот на езерото старо три милиони години. Флуктуацијата на нивото, од преполно до испразето предизвикува драстични негативни промени врз ендемичниот растителен и животински свет. Не смее да се прави профит на сметка на уништување на вредните водени ресурси, најголемото природното езеро со децении се користи како акумулација, алармираат еколозите.
Научната фела предупредува дека може да се повтори еколошката катастрофа од пред неколку години, кога поради ниското ниво на езерото угина десетина тони плашица во каналот Студенчишта.
„Ние како наука да речам се залагаме постојано дека една организација која што произведува струја не може да управува со истекот на едно езеро, кој регулативен систем дозволува во даден момент голем пад на самото ниво на езеорото, а со тоа и влошување на состојбите во крајбрежните региони“ , вели Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт Охрид.
Состојбата од другата страна на Галичица, во соседна Преспа е повеќе од алармантна. Поради долгите сушни периоди се бележи огромна загуба на вода, особено во последните два месеци.
„Република Грција, Албанија и Македонија треба да преземат сериозни чекори за надминување на состојбата во водите на Преспанкото езеро. Компонентите на водниот биланс треба сериозно да се анализираат. Врнежите, истекувањето, користење за наводнување и користење за водонсабудвање имаат улога во целата приказна“, вели Ајман Ал Маала, раководител на Сектор за животна средина Ресен.
Од ЕЛЕМ велат, намалувањето на нивото на Охридското езеро е поради чистењето на коритото на реката Црн Дрим.
„Зголеменото испуштање вода во изминатиот период беше преземено за отстранување на повеќе од 10.000 m3 нанос на истекот на реката Црн Дрим, што е дел од проектот на УНДП одобрен од Министерството за животна средина и од Општина Струга“, информираат од ЕЛЕМ.
Научната установа Хидробиолошкиот институт од Охрид будно ја следи состојбата на двете природни езера.
Соња Рилковска
