Ковид-19: Зголемен бројот на новозаразени и починати
При спроведени 9.660 тестирања биле регистрирани 951 случаи позитивни случаи на коронавирус во 29 градови во земјава. Најголем број во Скопје, а најголема неделна инциденца има Кочани, 154,3 на 1.000 жители.

Зголемување за речиси 35 насто на бројот на заразени за една недела. При спроведени 9.660 тестирања биле регистрирани 951 случаи позитивни случаи на коронавирус во 29 градови во земјава. Најголем број во Скопје, а најголема неделна инциденца има Кочани, 154,3 на 1.000 жители.
Најзастапена возрасна група на лица е на возраст над 60 години. Најмал број случаи има кај деца до девет до 19 години. Според епидемиолошки истражените, регистрирани се 80 хоспитализирани, намалување од 37 насто споредбено со минатата недела.
Пријавени се 48 смртни случаи, зголемување за 21 наспроти изминатите седум дена, покажуваат податоците од официјалниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје.
