Копривата е еден од најмоќните лекови што ги дава природата
Придружник му е на човекот од најстарите цивилазиции па досега, се користи и како храна за луѓето и за животните, но и како ефикасен инсектицид. Уште старите Еѓипќани го користеле чајот од коприва против реума и костоболки.

Копривата спаѓа меѓу најлековитите растенија со многубројни благодети за човечкиот организам.
Придружник му е на човекот од најстарите цивилазиции па досега, се користи и како храна за луѓето и за животните, но и како ефикасен инсектицид. Уште старите Еѓипќани го користеле чајот од коприва против реума и костоболки. Римјаните со помош на копривите го освоиле светот, зашто по напорните маршеви и походи ги триеле нозете со коприва за подобрување на циркулацијата. Додавале коприви при варењето намесото за да го омекнат.
Старогрчкиот лекар Хипократ 400 години пред нашата ера познавал 60-тина лекови од коприви. Неговиот славен следбеник Гален ги препишувал копривите како лек против гангрена, против красти и рани во устата, крвавење од носот, за лекување астма, воспаление на белодробната обвивка, и како средство за мокрење и за подобрување на столицата.
Нема многу билки со толку лековити дејства за човековото здравје како копривата
Помага при инфекции на мочниот меур, превенција од бубрежни камчиња, ја прочистува крвта, а бидејќи е многу богата со железо, помага при слабокрвност. Копривата е корисна и за ревматски болести, го регулираа варењето, го спречува опаѓањето на косата и ја намалува нервната напнатост. помага при вирусни и бактериски инфекции , алергии, а едно од најважните својства е јакнење на имунитетот. Содржи белковини и масти, а од минералите калциум, фосфор, железо, магнезиум како и витамини.Листовите на ладите коприви содржат 20 пати повеќе витамин Ц од зелената салата. Содржи и витамин Б2, Б5,К а посебно каротин и провитамин А. Современата наука докажала дека копривата го содржи и пигментот кварцетин. Тој флавоноид е силен антиоксидант и антихистаминик кој ги намалува големите воспаленија.
Лекува настинки, грип, алергии, ревма , ишијас, болести на црниот дроб, на жолчката, на слезината, лош метаболизам, чир на желудники на дванаесет палачното црево, се користи за регулирање на шеќерот во крвта,анемија и превентива за камен во бубрегот. Помага при зголемена простата, за кожни болести. Ја поттикнува обновата на клетките па така и на рскавицата, па дури со соодветна примена се смета дека помага при лекувањето на леукемија и на ракот на слезената. Позитивно делува на панкреасот, а со тоа го регулира шеќерот. Одлична е за чистење на организмот и дава сјај на кожата, решава проблеми со акни, се користи за пореметен сон, грчеви во желудникот, болести на белите дробови. Освежува при замор и исцрпеност.
Според ова се смета за една од најблаготворните билки а ја има во изобилство. Жаречкото својство на копривата е поради присуство на хистамини, сератонин, мравја киселина и ацетилколин. Густите влакненца што жаркаат и прават набабрена кожа и меури имаат многу силициум, и затоа горат како со оган.
Сепак за правилно користење на копривите мора да се консултирате со стручно лице и со вашиот лекар доколку имате одредени болести, за да нема нус појави. Не се препорачува за бремени, доилки и деца помали од две години.
Се користат сите делови, од коренот до семето. Сега е вистинско време да го подобрите имунитетот и многу процеси во организмот со редовно и внимателно користење на чај и други препарати од копривата.
