САД
Повредени полицајци, уапсени демонстранти на протестите за Бриона Тејлор
24.09.2020 10:36
Ниеден од тројцата осомничени полицајци нема да биде обвинет за убиството на Афроамериканката...

Двајца полицајци се ранети од огнено оружје во Кентаки за време на протестот по судската одлука дека ниеден од тројцата осомничени полицајци нема да биде обвинет за убиството на Афроамериканката Бриона Тејлор.
Офицерите се во стабилна состојба. Локалните медиуми известуваат дека протестите биле мирни до моментот кога полицајците се обиделе да им го попречат патот на демонстрантите.
Во нередите се уапсени речиси 50 лица. Бриона Тејлор беше убиена во расправија при полициска рација.
