Меркел ја предупредува Русија

13.03.2014 12:16

Германската канцеларка Ангела Меркел го заострува тонот кон Русија. Таа му префрла на рускиот претседател Путин дека користи методи од 19. и 20. век. Со тоа Русија си штети пред се‘ себеси, оценува Меркел за германските медиуми.

Германската канцеларка зборувала јасно пред пратениците во Бундестагот . Рекла дека руската интервенција на Крим значи повреда на територијалниот интегритет на Украина.

 „Правото на посилниот е ставено над силата на правото“, нагласила Меркел во својата владина изјава. Таа додала, дека едностраното туркање на своите геополитички интереси од страна на Русија го загрозува не само единството во Европа, туку е закана и за меѓународната стабилност. Доколку продолжи ваквиот курс и биде дестабилизиран истокот на Украина, Русија ќе си нанесе себеси големи политички и економски штети, предупредила Меркел.

Таа ја отфрлила  можност за воена интервенција во конфликтот околу Крим, но ја потврдила заканата на ЕУ со економски санкции.

Ако во наредните денови не дојде до преговори со Русија кои ќе донесат резултат, министрите за надворешни работи на ЕУ, в понеделник, ќе донесат одлука за натамошни санкции против Русија, рекла Меркел. Дел од санкциите ќе бидат и забрана за влез во ЕУ и блокади на банкарски сметки.

Споредба на Крим со Косово, според Меркел, не може да се прави. Ситуацијата на Косово тогаш не може да се спореди со денешната ситуација во Украина, оценила таа.