Последни подготовки за старт на учебната година
Училиштата се подготвени за одржување комбинирана настава, тврди ресорната министерка. На оние кои немаат компјутер Царовска им порача да користат мобилен телефон. Во тек е обуката на наставниците за новата платформа. Голем дел од училиштата сѐ уште немаат обезбедено технички стредства, велат од СОНК...

Една недела до почетокот на новата учебна година. Наставниците се обучуиваат за националната платформа за онлајн учење, но за дел од нив сѐ уште нема компјутер или пристап до стабилен интернет, предупредува Синдикатот за образование и наука. Работодавачите се обрзани да им обезбедат услови за работа на работниците, укажуваат од СОНК.
Министерката Царовска посочува дека за обезбедување на инфраструктурата се надлежни општините и директорите на училиштата. Ова е вонредна состојба и вонредни околности и сите треба да се прилагодиме на новите околности, вели Царовски. Околу 40.000 ученици, кои немаат технички уреди, наставните часови ќе ги следат преку програмите на МРТВ.
Училиштата се подготвувата и за физичка настава за децата од прво до трето одделение. Владата одлучи, согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 основни и 14 средни училишта.
Игор Панов
