300 учесници од 13 земји ќе учествуваат на „Џифони Македонија“
300 деца и млади од 13 земји ќе се дружат на „Џифони Македонија“ со помош на новата младинска дигитална платформа ЈУТ-МК. Филмскиот фестивал ќе трае од 25 до 30 септември, а најголем дел од програмата ќе биде онлајн, а во вечерните часови ќе има и пет филмски проекции во живо...
Актуелни детски и младински филмови, дебати, креативни работилници, преокции на кратки и анимирани филмови, но и на нови остварувања од млади автори, средби со познати личности. Ова е дел од програмата на Осмиот филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Најголем дел од програмата ќе се одвива онлајн.
Секојдневно ќе има и креативни работилници. Резултатите од истите ќе бидат прикажани на затворањето на фестивалот.
На фестивалот годинава ќе има околу 300 учесници поделени во 3 групи од 13 земји. Ќе бидат прикажани 16 играни филмови и 35 кратки филмови кои ќе се натпреваруваат во 3 категории за играни и 4 категории за кратки филмови.
Ана Јосифоска- Тодоровска
