Ракот на дојка не ги одбегнува мажите

24.09.2020 15:10

Иако ракот на дојката претежно се појавува кај жените, не ги одбегнува ниту мажите. Благоја, пред десетина години, успешно се изборил со болеста. Апелира за редовни контроли. Во Македонија, на годишно ниво, има од осум до десет мажи со дијагноза рак на дојка. Утре, хуманитарна трка за лек. Ќе се одржи и во уште 22 европски земји. Кај нас, ќе се трча во 16 града...

Благоја пред десетина години успешно се изборил со ракот на дојка. Апелира – сите мажи редовно да се самопрегледуваат, бидејќи оваа болест, иако претежно се појавува кај жените, не ги одбегнува ниту мажите.

Во Македонија на годишно ниво има од осум до десет мажи со дијагноза рак на дојка. На светско ниво, 1 до 2 проценти од мажите ја имаат оваа подмолна болест, информираат од здружението „Борка“.

На 25-ти септември почнува трката за лек, која ќе трае три дена и освен кај нас, ќе се оддржи и во уште 22 европски земји. Во Македонија ќе се трча во 16 градови. Настанот им помага на организациите и болните од Европа да обезбедат средства кои им се од клучно значење.

Во Европа секоја година има околу половина милион новодијагностифицирани од рак на дојка и околу 130.000 смртни случаи.

 

Марија Котовска