ГОБ „8-ми Септември“ нема финансиски проблеми

24.09.2020 15:23

„Болницата е опремена со сите современи и врвни медицински потрошни материјали и лекови, и нема никаков финансиски проблем, ниту застој во нормалното функционирање“, велат од болницата.

Менаџментот на Градската општа болница „8-ми Септември“ ги демантираше информациите дека се пред финансиски колапс.

„Болницата е опремена со сите современи и врвни медицински потрошни материјали и лекови, и нема никаков финансиски проблем, ниту застој во нормалното функционирање“, велат од болницата.

Оттаму посочуваат дека се подготвени во целост да дадат здравствена заштита на граѓаните.