Паѓа бројот на заболени од грип
13.03.2014 12:42
Од Институтот за јавно здравје информираат дека активноста на вирусот на инфлуенца почнува да се намалува и дека се очекува овој тренд да продолжи и во наредниот период...

Минатата седмица бројот на заболени од грип се намали за 23,6% во споредба со претходната, соопшти денеска Институтот за јавно здравје. Во периодот од 3-ти до 9-ти март годинава се регистрирани 2.502 нозозаболени од грип, што е за 4,7 % повеќе во споредба со истиот период лани.
Во овој период регистриран е и еден смртен случај, со што бројот на починати кај кои е дијагностициран грип достигна 11. Вкупниот број на заболени од грип од почетокот на сезоната 2013/2014 изнесува 24.661 и во однос на минатата година е поголем за 34,6%.
Најголем број (3.674) се регистрирани во Скопје. Најмногу болни (16.055) се во возрасната група од 15 до 64 години.
